По две недели забрана, водата во Дебар исправна

Поради заматување на водата во изворите во село Росоки, во Дебар цели две недели имаше забрана за пиење на водата од водоводот Росоки – Дебар . Денеска Заводот за јавно здравје во Охрид соопшти дека последните анализи направени на физичките , хемиските и микробилошките својства на водата покажале дека водата е исправна за пиење.

Др. Лидија Симоноска специјалист по хигиена по здраствена екологија при Заводот во Охрид ,кој е надлежен и за општина Дебар информираше дека според Правилникот за безбедност на водата за пиење по извршените анализи сега водата во Дебар може да се користи за пиење и одржување на хигиената . Во Центар Жупа водата и понатаму ме смееда се пиење бидејки има проблеми со хлорирањето велат надлежните од ЦЈЗ Охрид.

Во јавното комунално претпријатие ,,Стандард,, велат дека од денеска водата сега е исправна. Исто така според раководителката на секоторот за води при јавното претпријатие Арбвереша Клења , водата во главниот резерав се хлорира редовно за што веке е поставена и современа опрема за хлорирање .

К. М.

Back to top button
Close