По една недела потрага исчезнатата Скопјанка најдена мртва

Над манастирот „Св.Еремија” во скопската населба Пинтија денеска претпладне билa пронајденa починатa З.Л.(68) од Скопје, за која на 31 декември беше пријавено дека се оддалечила од домот.

Скопјанката Зојка Луковиќ на 31 декември околу 12 часот излегла од својот дом, а нејзиниот син Маријан со денови трагаше по неа. Тој бараше помош да се пронајде неговата мајка за која тврдеше дека не е дементна.

Екипа на Итна медицинска помош денеска констатирала смрт без видливи траги на насилство, а телото на починатата е предадено на обдукција.

Back to top button
Close