По кратка постапка! Разрешен заменик министерот за внатрешни на Албанија, пушел цигари на службен пат во ресторан во САД

Заменик-министерот за внатрешни работи на Албанија, Анди Махила, е разрешен од функцијата откако бил фатен како пуши цигари во ресторан за време на службен престој во САД.

Одлуката ја донесе министерката за внатрешни работи, Албана Кочиу, која на својата официјална страница на „Фејсбук“ соопшти дека реагирала по пријава од албански државјанин што живее во Њујорк.

„Од граѓанин што живее во Њујорк добив пријава дека заменик-министерот за внатрешни работи пушел цигари во ресторан. По направената проверка, ја донесов одлуката за негово разрешување“, наведе Кочиу.

Таа додаде дека станува збор за сериозно кршење на законот и неприфатливо однесување за висок функционер на Министерството за внатрешни работи.

„Ненамерни грешки се разбирливи, но пушењето во ресторан не може да се смета за таква. Тоа е свесно прекршување на правилата, што не може да се оправда“, потенцира министерката Албана Кочиу е првата жена која застанала на чело на албанската полиција. Во претходната влада таа ја извршуваше функцијата министерка за здравство.

Back to top button
Close