По наредби од Обвинителството и Судот, полицијата одзела документација од Општина Чаир за истрагата за дивоградбите

Полицијата одзела документација од Општина Чаир во рамки на истрагата за дивоградбите по наредба од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, потврдиле од МВР за Фактор. Документи се одземени и од Министерството за транспорт и врски.

„Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР постапува врз основа на издадени Наредби од ОЈО за ГОКК како и издадени Наредби од Судија на претходна постапка. Во текот на 23.07.2025. врз основа на Наредба на судија на претходна постапка полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР одземаа документација од општина Чаир и од Министерството за транспорт и врски“, велат од МВР.

Обвинителството отвори истрага за дивоградбите во Чаир откако градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која обвини дека многу дивоградби во Чаир се легализирале незаконски

Back to top button
Close