По неколку недели работа згасна социјалната мрежа на Трамп

Социјалната мрежа на поренашниот претседател на САД, Доналд Трамп, пуштена во употреба минатиот месец откако тој беше баниран од Твитер и Фејсбук повеќе не работи, јави денеска Вашингтон пост. 

Џејсон Милер, портпарол на Трамп, изјави дека блогот наречен „Од работната маса на Доналд Трамп“ е постојано затворен откако сите постови од веб-сајтот биле избришани. 

Според набљудувачите, Трамп не бил задоволен од посетеноста на сајтот и поради тоа што многумина читатели пишувале подбивни коментари. 

-Блогот беше само помошно средство во пошироките напори што продолжуваме да ги правиме, изјави Милер денеска за Си-ен-би-си. Додаде дека ќе има информации и за сите дополнителните такви напори во овој правец. 

Трамп беше баниран на Твитер и Фејсбук пред неколку месеци откако продолжи да ги употребува мрежите за пласирање свои ставови, од многумина оценети како лажни, за претседателските избори во 2020 година.  

Налозите на Трамп на овие мрежи, следени од десетици милиони корисници, беа главните мегафони за охрабрување на поддржувачите да ја отфрлат победата на Џо Бајден поради наводно фалсификуваните избори. Оттука се пласираа и пораки за насилниот упад на негови поддржувачи во Конгресот кој се случи на 6 јануари при што загинаа неколку лица. 

Back to top button
Close