По невремето кумановци останаа без вода за пиење

По вчерашното невреме со пороен дожд и град што го зафати кумановско-липковскиот регион денеска жителите на Куманово останаа без вода за пиење од градскиот водовод. Надојдените води на Липковска Река до филтер-станицата донеле голема количина кал поради што системот бил затворен.

Поради тоа се одржа вонреден состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, на кој присуствуваа претставници од Општина Куманово, Совет на општина Куманово, РЦУК, ДЗС, ЈП Водовод, ЈП Чистота и зеленило, АД Водостопанство, Државен инспекторат за животна средина и Центар за јавно здравје.

Препорака до граѓаните, водата да се користи како техничка вода, или истата да не се користи без зовривање. Препораката останува се додека не се утври дека истата е безбедна за пиење.

Back to top button
Close