ПО ОПЕРАЦИЈАТА ОД КИЛА НА ТЕСТИСИ ГО СНЕМА РЕМЗИ МИФТАРИ, ОСУДЕН НА 10 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА КАЈ ЛАСКАРЦИ
По наредбата од Гостиварскиот основен суд за присилно спроведување во затворот „Идризово“ на осудениот на 10 години затвор Ремзи Мифтари, виновен за катастрофалната сообраќајна несреќа кај Ласкарци кога загинаа 16 патници, полицијата се уште не може да го најде.

Мифтари требаше да оди во затвор уште во мај. Тетовската полиција не го нашла дома. На прашање дали е извесно дека и Ремзи Мифтари избега од Македонија за да го избегне издржувањето на затворската казна за големата трагедија, оттаму ни рекоа дека граничните премини известиле оти ова лице не ја напуштило државата и поради тоа се смета дека се крие негде внатре. Дома не е, се врши потрага по него на повеќе локации.
„Наредбата за присилно спроведување ја дадов пред 3-4 дена. Уште немам известување ни од МВР, ни од КПУ ‘Идризово’ дека осудениот е најден и спроведен во затворот на издржување на казната“, изјавил за САКАМДАКАЖАМ.МК надлежниот судија за санкции во ОС Гостивар.
…






