По осудите и паричната казна, на д-р Кузмановски му се заканува и кривична пријава – жена го пријавила
Му се заканува и кривична пријава.
Имено, како што од МВР потврдија за „Фокус“, на 4. овој месец Игор Кузмановски бил пријавен во полициска станица за „загрозување на сигурноста“.
„На 04.10.2025 во СВР Скопје 54-годишна жена пријавила кривично дело „Загрозување на сигурноста“ по член 144 став 3 од Кривичниот законик од страна на И.К. од Скопје. Со И.К. на 07.10.2025 година извршен e службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава“ – информираат од МВР.
Доктор Кузмановски беше разрешен од директорската позиција по само два часа откако се објави компромитирачкото видео во кое се гледа директорот како зборува за консумација на дрога додека тој меша бела прашкаста материја во чинија и со асоцијации зборува за кокаин, додека разговара со друго лице кое најверојатно го снимало видеото.
Премиерот, пак, Христијан Мицкоски за овој случајот меѓу другото изјави:
„Тоа што се случи, се случи. Не треба да се враќаме назад. Тоа што моменти на слабост имал директорот поранешен, претпоставувам него ќе го следи во текот на неговиот живот“.