По осум години чекање, проработе акцелераторот на Универзитетската клиника
Акцелераторот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, набавен пред осум години сега веќе е монтиран и во употреба на располагање за пациентите, информираат од Клиниката.
Оттаму додаваат дека низа подготвителни активности претходеле на ставањето во функција на овој акцелератор, вклучително и комплетна реконструкција на бункерот. Набавена била нова дополнителна опрема, стабилизатори на напон, купена нова имобилизациска опрема, а направено било и комисионирање на апаратот.
Купен е мебел, инсталирани се системи за мониторирање на пациенти, завршено се сите фазите на инсталација на системот, мерења, калибрација и пуштање во употреба.