По пет месеци премиера во Прилеп, Фестивалот „Војдан Чернодрински“ од 1 до 10 октомври

– По околу пет месеци, вечер од 19 часот на сцената од приелпскиот народен театар премиерно ќе биде изведена претставата „Мендо и Мајло“, во режија на Игор Трпче, независен проект на „театарска работилница“, поддршан од Министерството за култура.

Станува збор за социјална дуо-драма, но и комедија, по текст на прилепската авторка Мирјанка Ристеска Селчанец и говори за двајца повозрасни луѓе, кои по игра на случајот се нашле во притворската келија на затворот Шутка. Мендо е обвинет за убиството на сопствената невенчана жена, која всушност, починала во сон, а Мајло е ром – дрвокрадец, кој истотака е обвинет за убиство на шумарот, кој несреќно загинал, откако неговата магарица ја превртува колата со дрва.

Според режисерот Игор Трпче ова е возбуда за актерско и театарско-сценско остварување кое трпи во периодот на пандемија.

-Се отвора приказната за двајца луѓе, од различни општествени слоеви кои во вакви околности се отвораат, се зближуваат многу, покрај големите предрасуди кои едниот за другиот ги имаат – од различни националности се, едниот е Ром, другиот Македонец. Ова е социјална драма која допира до речиси сите иако секому не с еслучува, но е честа ситуација. Задоволство е што по толку голема пауза, актерите и ние сме на сцената. Верувам дека е голема возбудата и мислам дека за првпат сфативме колку ни недостасуваат културата, театарот, концњерите и воопшто, културниот живот, вели Трпче.

Актерот Андон Јованоски копнее да се врати на „штиците што живот значат“, да игра пред публиката, па макар и со протоколи.

-Бев жеден за работа, верувам како сите мои колеги глумци. Овие „штици што живот значат“ ми недостасуваа. Јас од преставата „лажговци“, во февруари минатата година  не сум на сцена година и половина, освен некое гостување во Загреб. И сега се радувам, како мало дете. И публиката постојано ме прашува за претстава. Се надевам дека ќе се вратиме во нормала и дека така ќе го продолжиме животот, вели Јованоски.

Копродуцент е Центарот за култура „Марко Цепенков“ кој ги отстапи просториите во прилепскиот театар. Публиката, според протоколите,че биде присутна ограничено, само по 50 билети се за неа, но е желна за театарска претстава.

Во претставата играат актерите, доајени на прилепскиот театар Трајче Иваноски – Пепио и Андон Јованоски – Ашата. Музиката, тонот и светлото се наТоме Темелкоски, а костимите на Бојана Артиновска Трпческа.

Инаку, прилепскиот театар годинава треба да подготви три претстави. На првата се работи и треба премиерно да биде прикажана на крајот на јуни. Термин за одржување има и Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, од 1 до 10 октомври. Лани фестивалот, поради пандемијата, не го одржа 55-тото, јубилејно издание.

Back to top button
Close