По победата од првиот круг, Блерим Беџети го става општинскиот штаб во служба на Шилегов

Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, по победата од првиот круг на локалните избори, заедно со шефот на локалниот изборен штаб Исни Јакупи и носителот на советничката листа на ДУИ за град Скопје, Ардијан Муча, им се заблагодари на партиските структури за победата, притоа повикувајќи ги во вториот круг од изборите масовно да ја поддржат кандидатурата на Петре Шилегов од редовите на СДСМ за град Скопје.

– Заедно со г -дин Исни Јакупи и г -дин Ардијан Муча им се заблагодаривме на структурите за нивната посветеност, напорната работа и постигнатиот успех во текот на првиот круг. За вториот круг за град Скопје, им наредивме на структурите со нашите капацитети масовно да го подржат г -дин Петре Шилегов, со кого реализиравме многу значајни проекти за нашата општина и започнавме проекти што очекуваме да ги завршиме во иднина, рече Беџети.

Тој додаде дека општинскиот изборен штаб на ДУИ

На локалните избори, Блерим Беџети извојува победа уште во првиот круг со 73,10% освоени гласови или 10.790 гласа, наспроти противкандидатот од опозициската коалиција АА-Алтернатива, Керим Мамути, кој имаше 2.606 гласа, кандидатот на Движењето БЕСА, Хасим Муртезани, со 893 глас и Илир Кроси од ДПА со 87 гласа.

извор Слободен печат

Back to top button
Close