По полноќ вклучен алармот за пожар во Инфективна, виновен е вработен

Доцна по полноќ, жителите на Центар ги вознемири звук на аларм за пожар кој околу 12 часот и 45 минути одекнувал од просторот и околината на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, во склоп на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, пренесува „Слободен печат“. 

Според очевидците, медицински персонал во паника трчал во околината на зградата незнаејќи за што се работи откако се активирал алармот.

Алармот за пожар се активирал откако некој од вработените во клиниката запалил цигара во внатрешноста на болницата, а за тоа ќе следат соодветни казни.

Back to top button
Close