По половина месец повторно можност за скијање на Попова Шапка

Ски центарот Попова Шапка информира дека има двата денови од викендов ќе има можности за работење на дел од ски-лифтовите, а со тоа и прилика за скијање на овој зимски центар. Поради недоволно снег ски лифтовите не работеа од 29 јануари и 18 денови немаше можности за скијање.

-Ги информираме љубителите на скијањето дека на патеките „ГЕ” и „Аеродром” имаме услови за скијање, ски-лифтовите „ГЕ”, “Аеродром”, двоседот “Св.Илија” и шестоседната жичница ќе бидат во функција за викендот 17-18.02.2024.Истовремено, Ве известуваме дека цената за дневна карта изнесува 800 денари!, информираа од ски-центарот Попова Шапка.

Оваа зимска сезона скијањето на Попова Шапка се одивива периодично,согласно висината на снежната покривка. Снежната покривка беше доволно висока за да функционираат ски-лифтовите и да има скијање од 20 до 28 јануари, а претходно од 18 до 24 декември 2023 година.

Шестоседата жичница функционираше за панорамски прошетки.

Back to top button
Close