По посетата на Софија, Вархеји денеска во Скопје

По вчерашната посета на Софија, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји се очекува денеска да престојува во Скопје.

Вчера од Бугарија тој порача дека преговорите со земјава треба да започнат до јуни годинава, а посетата ја заврши со порака на Твитер дека нема повеќе време за губење.

-Ја завршив мојата посета на Софија со надеж дека ќе можеме да продолжиме со нашата политика на проширување, додека руската војна прави да вложуваме повеќе напор во тоа. Му благодарам на премиерот Кирил Петков за отворената дискусија за идните чекори, кои ќе нè однесат до отворање на првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и Албанија, напиша синоќа Вархеји.

Back to top button
Close