По пожар во магацини во Гази Баба, пронајдено опожарено тело

Тешка трагедија е откриена по пожарот што синоќа избувнал во кругот на фабрика на подрачјето на Гази Баба во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата, на 13 декември 2025 година во 21:29 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во два магацини, сопственост на М.Р.(46), кои биле изнајмени на други лица. На местото интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која успеала да го изгасне пожарот.

Денеска, на 14 декември 2025 година, за време на вршење на увидот, во еден од опожарените објекти, кој под наем го користел М.А. од Скопје, било пронајдено опожарено тело на машко лице. Засега не се соопштува идентитетот на починатиот

 

Back to top button
Close