По празниците за прв пат ќе се состане работната група за уставните измени

Работната група за уставните измени официјално ќе се состане по празниците кога и ќе биде направена формулацијата информираше денеска во гостување на ТВ 24 вицепремиерот Бојан Маричиќ.

Македонија нема време за губење и мора час поскоро да пристапи кон процесот за промена на уставот, бидејќи во земјата се повеќе се наметнува прашањето околу неизвесната европска иднина на државата додаде Маричиќ.

Во меѓувреме и денеска но и изминатите денови власта и опозицијата ги вкрстуваа своите спротиставени ставови на оваа тема откако премиерот Ковачевски и денеска одговарајќи на новинарски прашања, а коментирајќи ги досегашните изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски му порача дека тој не е пратеник во законодавниот дом и не може да одлучува во име на сите пратеници.

Back to top button
Close