По првата седницата, новата влада за вечерва закажа и втора

На првата седница беа именувани вицепремиерите, шефот на кабинетот на Ковачевски и беа формирани основните и посебните комисии на Владата

Доцна вечерва новата влада ќе одржи уште една седница, втора откако претходно во текот на денот ја одржа првата конститутивна седница.

Втората седница треба да започне во 21:30 часот.

Во моментов, пак, заседава Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) на кој се разгледува прашањето за почетокот на второто полугодие од наставата во основното и средното образование.

На првата седница беа именувани вицепремиерите во владата на Ковачевски: Артан Груби за прв вицепремиер; Славица Грковска вицепремиерка за политики на добро владеење, Фатмир Битиќи за економски прашања; Бојан Маричиќ за европски прашања; и Џемаил Чупи за дијаспора.

Исто така, за шеф на кабинет на Ковачевски беше определен Мартин Попов, а беа избрани и основните и посебните комисии на Владата.

Back to top button
Close