По распаѓањето на холандската Влада, опозицијата бара предвремени избори
Холандската опозиција повика на нови избори откако крајнодесничарската Партија за слобода (ПВВ) на Герт Вилдерс се повлече од владејачката коалиција поради несогласувања околу миграциската политика, што доведе до нејзин пад, јави ДПА.
– Холандија заслужува влада што ќе ги обедини луѓето и ќе работи рамо до рамо на вистински решенија, изјави Франс Тимерманс, лидер на најголемата опозициска група во парламентот. „Време е за избори, ние сме подготвени.“
Тимерманс ја оцени досегашната влада, предводена од популистот Вилдерс, како неспособна и расцепкана, во време кога во Европа се води војна, а граѓаните се загрижени за својата иднина.
– Ова се случува кога се дава моќ на екстремите, додаде Тимерманс.
И лидерот на Социјалистичката партија, Џими Дајк, побара итни избори – „по можност веднаш“.