По разрешувањето на Зендели: Собранието ќе бира нов член, но и претседател на Комисијата за избори и именувања

Собранието денеска треба да ја одржи 66-та седница, на чиј дневен ред се повеќе предлог-законски решенија по скратена постапка, но и предлог за именување на нов член и претседател на Комисијата за прашања за изборите и именувањата.

Ваков предлог се најде на дневен ред откако пред десетина дена со 61 глас „за“, парламентарното мнозинство го разреши пратеникот Фадил Зендели од Беса од член на ова собраниско тело. За нов член се предлага пратеникот на СДСМ Дарко Каевски.

Комисијата треба да добие и нов претседател со оглед дека експратеникот Костадин Костадинов стана градоначалник на Струмица. За оваа позиција, мнозинството ја предлага пратеничката од СДСМ, Марија Георгиевска.

Работата во оваа Комисија беше закочена, пред сè, по локалните избори и модифицирањето на мнозинството откако Беса замина во опозиција и беше избрана новата Влада. Зендели беше дел од Комисијата како дел од мнозинството, но откако замина во опозиција, новото мнозинство инсистираше тој да го отстапи место.

 

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close