По само три недели Фиорентина и Гатузо ја прекинаа соработката

 Џенаро Гатузо нема да седи на клупата на Фиорентина во новата сезона во Серија А, потврди попладнево италијанскиот прволигаш од Фиренца, објавувајќи крај на соработката со 43-годшниот стратег само три недели по неговото назначување за нов шеф на стручниот штаб.

– Фиорентина и Рино Гатузо со меѓусебен договор одлучија дека нема да ги продолжат прелиминарните преговори и нема заедно да ја почнат новата сезона, соопшти Фиорентина.

Италијанските медиуми објавија дека двете страни ги затегнале односите поради несогласувања околу клупската стратегија и износот на средства што треба да се вложат за нови засилувања на екипата.

Фиорентина, која е во сопственост на американскиот бизнисмен од италијанско потекло Роко Комисо, објави дека „веднаш почнува со потрага по нов тренер, кој ќе ја води екипата кон резултати што клубот и градот ги заслужуваат

Back to top button
Close