По шест месеци минати во чамец во океанот спасени 300 бегалци Рохинџи

По шест месеци минати во дрвен чамец во океанот, изминатата ноќ се спасени 300 муслимански бегалци од малцинството Рохинџа, кои се примени во индонезиската провинција Ачех, јавија локалните власти.

Дрвениот чамец полн со бегалци, локалните рибари го забележале на неколку километри од брегот на Локсеумава, а нешто по полноќ бегалците стапнале на земја во близина на Ујунг Бланга.

-Од 297 бегалци, 181 се жени, а 14 се деца, изјави шефот на локалната полиција за британските меидуми.

Поради лоша здравствена состојба едно 14-годишно момче било веднаш упатено на локална клиника на лекување.

Back to top button
Close