По случајот со Вања, прилепското училиште ја укина апсолутната забрана за мобилни телефони
Прилепското основно училиште ,,Климент Охридски” ја укина забраната за носење на мобилни телефони од страна на учениците, која стапи во сила на почетокот на учебната година.
Како причина за промената, со која учениците повторно ќе можат да ги носат мобилните телефони и да ги користат во итни случаи, го наведуваат настанот со убиената ученичка Вања Ѓорчевска.
-Со оглед на немилиот настан кој ја потресе целата држава, вклучително и нас како училиште, наставничкиот совет на училиштето одлучи повторно да се воведе носење на телефон со редуцирано користење, објавија од училиштето, од каде додаваат:
,,Моментално живееме во небезбедно време и се надеваме на побезбедна иднина кога целта на неносење телефон беше за општо добро на учениците”.
Инаку, во септември годинава, од училиштето беше известено дека по препораката на Министерството за образование и наука, исто така целосната поддршка на локалната самоуправа и градоначалникот, едногласно била усвоена одлуката на наставнички совет на училиштето.
Според тогашната одлука, стапувала во сила апсолутна забрана на користење телефни во рамките на училиштето, и ограничено користење на телефон на наставниците.
-Секој родител ќе има телефонски број од класниот раководител,стручната служба и директорот за било каква потреба од ученикот.
Ова соопштение треба да се сфати за сериозно,бидеќи секој телефон откриен во рамките на училиштето ќе биде одземен и вратен до крајот на учебната година- гласеше соопштението објавено на почетокот на училишната година