По сообраќајка – тепачка на паркингот кај Комплекс клиники во Скопје
МВР информира дека вчера и околу 09 часот на паркинг простор во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, по претходно случена сообраќајна незгода, едно лице физички нападнало 39-годишен маж од село Џепчиште, тетовско, информира МВР.
Настанот бил пријавен во 11:50 часот во СВР Скопје.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот