По сторијата на 360°: Просветниот инспекторат во акција за двојните цени на кембриџ-учебниците

Од просветниот инспекторат најавуваат вонреден надзор во школите за да проверат дали учебниците што се користат се одобрени од МОН, додека за разликите во цените на учебниците (повисока при откупот од Министерството и пониска при онлајн и продажба во книжарници) велат дека ќе ги известат Пазарниот инспекторат и Инспекцискиот совет

Останува отворено прашањето за откупот на учебници за следната учебна година откако првичните преговори со „Арс Ламина“ и „Арбериа Дизајн“ пропаднаа поради тоа што двете издавачки куќи не доставија договори за поседување на авторски права за учебниците, на што инсистира МОН

По сторијата на „360 степени“ во која објавивме дека издавачката куќа „Арс Ламина“ на државата и продавала учебници за значително повисоки цени од оние по кои истите учебници се продаваа онлајн и во книжарниците,

Државниот просветен инспекторат најавува дека за ова ќе ги алармира Државниот пазарен инспекторат и Инспекцискиот совет. Оттаму велат дека просветни инспектори ќе излезат на терен да постапат согласно нивните надлежности, односно да проверат дали во училиштата се употребуваат учебници одобрени од Министерството, додека за разликите во цените велат дека треба да постапуваат други институции.

Целиот текст на 360..мк

Back to top button
Close