По Тејлор Свифт и Бијонсе застана зад Камала Харис

На Бијонсе на сцената ѝ се придружи нејзината колешка Кели Роланд, со која порано беше во групата Дестинис чајлд. Овој пат таа не пееше, за разлика од 2016 година, на митингот на претседателската кампања на Хилари Клинтон во Кливленд.

USA |  Beyonce und Kelly Rowland bei Wahlkampf Veranstaltung von Harris
Фотографија: Susan Walsh/AP/dpa/picture alliance

Хјустон е родниот град на Бјонсе, а претседателската кампања на Харис ја користи нејзината песна „Слобода“ од 2016 година како химна.

Харис ја користеше песната за првпат во јули, за време на нејзиното прво официјално појавување во јавноста како претседателски кандидат, во нејзиниот штаб во Делавер. Во истиот месец, мајката на Бијонсе, Тина Ноулс, јавно ја поддржа Харис за претседателка на митингот во Хјустон.

USA |  Beyonce bei Wahlkampf Veranstaltung von Harris
Фотографија: Annie Mulligan/AP Photo/picture alliance

Харис ги истакна опасните медицински последици од забраната за абортус во сојузната држава Тексас и го обвини за тоа републиканскиот противник – Доналд Трамп.

Откако абортусот беше забранет во Тексас, стапката на смртност на новороденчиња се зголеми, како и стапката на смртност на мајки. (dw)

Back to top button
Close