По три месеци киносалите повторно отворени во Франција

По точно 99 дена киносалите во Франција повторно се отворени – првата проекција беше организирана синоќа минута по полноќ во киното Комартан во Париз, јави дописникот на МИА.

Сто и дваесет „кинофили“ се најдоа во 00:01 во киното Комартан во квартот Сант Лазар во Париз за да го одбележат отворањето на кино салите, пропратено со силен аплауз. Првиот прикажан филм е францускиот филм „Парферми“ од Грегори Мањ.

Гледачите беа пречекани од екипата на филмот во двете сали на киното кои беа целосно полни, според новите санитарни мерки, растојание од една фотеља меѓу гледачите, освен кога се доаѓа во заедничка група

Ова затворање на киносалите ја чинеше скапо филмската индустрија, во Франција годишно каде има над 200 милиони гледачи во околу 2.000 киносали.

Затворањето на киносалите и откажувањето на Канскиот фестивал ја дезорганизира дистрибуцијата на филмовите, од кои некои директно излегоа на платформите за гледање на интернет. Од денеска на репертоарите во кината се наоѓаат филмовите чие прикажување беше прекинато со појавата на коронавирусот.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close