По вчерашниот струен удар во Маџари: Тинејџерката со изгореници од трет степен на 30 отсто од телото
Здравствената состојба на тинејџерката која вчера по струен удар итно беше префрлена на КАРИЛ во моментов е стабилна. Од таму за ТВ Телма информираат дека во несреќата се здобила со изгореници од трет степен на 30 отсто од телото, како и дека во моментов е во контактибилна состојба.
Седумнаесетгодишна девојка настрада при струен удар во обид да се качи на вагон во населбата Маџари со цел да сними видео кое подоцна би го поставила на социјалната мрежа „ТикТок“. Социјалните предизвици, иако се многу популарни кај младите, често претставуваат голема опасност која во многу случаи завршува и со трагичен исход.