По Вилнус, и Рига во знак на протест ја преименува улицата во која се наоѓа руската Амбасада

Градската управа на Рига одлучи да го смени името на улицата на која се наоѓа руската Амбасада во знак на протест поради нападот врз Украина.

Отсега улицата ќе се вика „Улица на украинската независност” со цел да се изрази „поддршка за херојската борба на украинскиот народ”, објави вчера градската управа на Твитер.

Одлуката на градската управа на Рига уследи по сличниот потег на литванскиот главен град Вилнус, каде ден претходно пристапниот пат до руската амбасада го нарече „Улица на украинските херои”.

Во двата балтички главни града, исто така, во тек се и протести и собири во близина на руските амбасади, откако Русија ја почна инвазијата на Украин

Back to top button
Close