По заканите на Трамп, Данската премиерка е на европска турнеја за поддршка за Гренланд

Данската премиерка Мете Фредериксен ја започна турнејата низ европските метрополи за да собере поддршка, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го припои Гренланд со сила, објави денеска Вашингтон пост.

Таа имаше средба со германскиот канцелар Олаф Шолц на која директно не ги спомна „заканите на Трамп“, но нагласи дека е потребно уште поизразено единство во ЕУ поради „неизвесноста“.

Шефот на француската дипломатија Жан-Ноел Баро истакна дека Франција е подготвена да испрати војници на Гренланд, но дека Данска го одбила тој предлог.

Back to top button
Close