По зголемување, сега се намалува бројот на новозаразени со коронавирусот во Словенија

По неколкудневното зголемување на бројот на заразени со коронавирусот во Словенија, денеска здравствените власти објавија дека се откриени само два нови случаи, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Позитивни на Ковид-19 се лица од Копер и Љубљана.

Оваа бројка новодијагностицирани, според епидемиолозите, е смирувачка, имајќи предвид дека вчера беа потврдени осум позитивни, што претставува најмногу дневни случаи од 29 април, кога беа регистрирани 11 новозаразени со коронавирусот.

Епидемиолозите изјавија дека најголем дел од новите случаи се „увезени“ и апелираат да се променат правилата за влез во земјата, а во спротивно стравуваат дека може да се зголеми бројот на заразени, поради што ќе биде потребно повторно воведување рестриктивни мерки за граѓаните.

Back to top button
Close