Победа на избори со губење на државата!?
Македонија со силни зборови а слаби докази останува осамена и го упропастува својата вистинска иднина поради лажното минато
Мерсел Биљали
Под маската на решавање на конфликтот меѓу Украина и Русија, на голема врата се најавува нов светски поредок, каде што јасно се гледа како умира принципот на забрана за насилно промена на границите. Повелбата на ООН сега е „мртва хартија“. Сега времето си оди во една насока, а нормалноста во друга. Впрочем ОН веќе како да не постојат. Главните нејзини столба се урнати. Не функционира Советот за Безбедност, СТО, СЗО, дури и „Бретонвудските близначки“ – (СБ, ММФ). Се создава нова светска објективна ситуација која бара соодветен поредок.
Средбата меѓу Трамп и Путин, симболично е поврзана со воспоставување мир меѓу Русија и Украина, некогаш две братски нации, но, зад пердето се работи за процес на нова економска и блоковска поделба во светот. „ Аmerica first” сe пласира за нов светски поредок по терк на интерсите не САД (а сега и на Русија). А малите држави никој нема да ги штити!
За Американците сега е клучно како да ја изолираат Кина, и како да го маргинализираат БРИКС, акроним за некаква неформална трговска организација меѓу Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка итн. Рака на срце, тука и ЕУ не и баш посакуван партнер, оти зближувањето меѓу САД и Русија е взаемен интерес првенствено на тие две држави. Тука целта на САД е јасна (Гренланд, Канада, Панама, Пацифик), а на Русија целта е да ја заврши веќе и за неа исцрпувачка војна со Украина, ама во нејзина полза, со што Путин би продолжил со неговото владеење.
Секако дека за САД се многу важни и други сегемни – сверниот пол, космосот, заедничките космички станици, микропроцесорите, ретките минерали, светската трговија итн. Неслучајно, место на средбата беше изабрана Аљаска (која во 1867 год. е купена од тогашната пријателска Русија), со што тогаш е воспоставена заедничка граница на Беринговиот теснец. Тогаш САД и помогна на Русија за да гo одземе полуострвот Крим од Турција. Тука целта е да се воспостави поголема контрола кон кинеските бродови, кои рака на срце и за врема на средбата меѓу Трамп и Путин масовно пловеа низ северните мориња. Во рамките на неодамната воена вежба „КАМАНДАГ-9“ (од 26 мај до 6 јуни), американската армија ги префрли ракетните системи „NMESIS“ и „HIMARS“ на островите Батан и Бабуџан, а Русите молчеа. Ова јасно ја покажува намерата на Вашингтон и Манила (со молчење на Москва), да го зајакнат јужниот дел од „синџирот“ долж кинеските морски води, кој се протега до јапонските острови. Целта е контролата над стратешкиот Лусонски теснец (важен за западниот Пацифик).
Неодамна, западните сојузници ја извршија првата патрола на регионалните клучни точки во спорните води. Вакво боцкање прст во окото на Кина станува сè поиритирачко за Пекинг. Кинеското министерство за надворешни работи го предупреди секретарот за одбрана Хегсет, дека САД ги игнорира повиците за мир од индо-пацифичките земји. И дека и во безбедносниот форум „Дијалог Шангри-Ла“ во Сингапур „САД ширеле менталитет на Студената војна“, објави Ројтерс.
Значи, сосема е јасно дека зад средбата Трамп – Путин, се крие нешто друго многу поголемо. Тоа наликува на ептен изненадната среддба што се има случено во 1972 година кога тогашниот претседател на САД Ричард Никсон патувал во затворената комунистичка Кина, со која тогаш САД воопшто немале ниту дипломатски односи. Но, тогаш двете земји тајно ги усогласиле заедничите интереси, особено за тоа како да се спротивставаат на тогашната силна Русија (Советски Сојуз). Двете држави тогаш имале заеднички непријател – Кина. Черчил со право има кажано: „не постојат трајни пријателства, туку трајни интереси“. Наскоро се очекува да има средби на големи делегации меѓу САД и Русија кои ќе разговараат и за економски прашања, за ретките минерали, за енергијата, житото, технологиите итн. Познато е дека во Москва американците имаат свои силни луѓе кои јавно не сакаат да ги затворат вратите на САД поради Кина. Трамп како трансакционен лидер не би пропуштил такви историски моменти.
ШТО СО УКРАИНА?
За жал Украина е скап пример во докажувањето дека од меѓународното право остана само пепел. Интересот стана бескрупулозен. И ѓаволот може да цитира божји книги ако има интерес. Крим е завршена приказна, и главниот аргумент е дека полуостровот ѝ припаѓал на Русија до 1954 година, ама Хрушчов од флуидни причини го припои кон Украина. Прашањето сега е што со Луганск, Донецк, Запорожје и Херсон? Постојат повеќе можности во коминација – статус кво до некој иден референдум, или конфедерална врска со Украина, или пак поделба на тие региони меѓу двете држави каде што поголемиот дел би припаднал на Русија. Тука се и гаранциите со странски трупи на терен (и со систем на противоздушна одбрана). Cлободните луѓе имаат потреба да бидат вооружени за да бидат слободни – има кажано Џорџ Вашингтон! Но, Русија повеќе притиска за друго нешто, а тоа е рускиот јазик да биде втор официален јазик во целата територија на Украина, и Руската православна црква да дејствува низ целата држава Украина.
По средбата Трамп – Путин, ЕУ и НАТО до срж преплашени. Европските луѓе се плашат веќе и на обичното. Трамп го собра преплашениот Запад и парафразираме како со неговиот јазик на телото им кажа – „мора да слушате“, ние сме Западот, НАТО е тука. Ајде, како поинаку да ја решиме украинската војна! Западњаците останаа без текст свесни на големата дистанца помеѓу потребното и можното. Наредниот месец Путин патува во Пекинг, па оттука секој западен сомнеж има право на живот. Но, еден факт е сигурен – Русите се многу уморни од војната. Тој факт никако не трпи двојна игра.
Путин, понекогаш знае да повлече паралела со Косово, но бројни експерти и дипломати не се согласуваат со тоа, од причина што Косово сепак била дел од една распадната федерација што престана да постои. Така што „суи генерис“, сега се само окупираните украински региони во услови на веќе распаднат меѓународен правен поредок, кој забранувал насилно промена на граници.
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЦЕЛОСНА ВО АУТ!
Во целиот ваков мозаик на состојбите, Македонија се наоѓа во екстремно лоша состојба. Таа со силни зборови а слаби докази останува осамена и го упропастува својата иднина поради лажното минато. Нејзиниот неформален сојузник (Србија) е на прагот на граѓанска војна. Договорот меѓу Трамп и Путин ја исклучуваат Русија од Балканот, а и САД немаат многу интерес да се посветат на овај проколнат дел од Европа. ЕУ веројатно ќе се фокусира кон Украина со многу финансии, која како идна воено неутрална, ќе посакува барем брзо вклучување во ЕУ. Но, како неутрална нејзе проблематични ќе и бидат одлуките на ЕУ за надворешна и безбедносна политика!
Македонија е полна со празни луѓе. Таа продолжува да страда поради „големи патриоти“ на празни зборови и празни дела. Лесно е да станете евтин политичар, ама тешко е да станете скап водач. Државата продолжува да тоне и тоне во секој момент и веќе насекаде е дилемата дали воопшто ќе може да преживее! Таа продолжува да удира по столбот над кој самата стои, наместо да се посвети на иницијативност, на рамномерен економски развој на државата, на пораст на живеачката. Во западниот дел на државата слободните развојни зони (ТИРЗ) скоро се празни, а нема ниту идејност за економско стимулирање и развој. Земјата, за која кинезите велат дека можат да издржат дури 25 милиони жители со многу повисок стандард од постојниот. Тајван е типичен пример за тоа. Дефинитивно нешто многу сериозно фали кај нас, а тоа се надоместува со големи лаги за човечки идентитети, за национална гордост, а нив ги има се помалку и помалку во земјата! Долготрајна тотална економска безидејност. Тоа ќе прави државата да умре или да исчезне по природен пат. А нема друго време во иднина за некакво спасение. Таа потонува, а живот не е за да потонеш туку за да пливаш.
Единсвен „успех“ на овдешните власти се плашењето со Бугарите, за идентитетите, за „опасноста“ од двојазичноста, која сега видно е мрагинализирано и е претворен во „акомулатор за гнев“. А неписмената власт воопшто не може да биде свесна за последиците од таквата политика, која веќе наликува на опасно минско поле. Тука, деструктивниот популизам заснован на жалење за минатото, „грижa“ за иднината и незнаење за сегашноста стана хроничен хендикеп. Скапо ни чинат евтини политичари кои не знаат ништо друго освен да сеат недоверба и омраза, девијации што имаат уништено дури и големи империи. А кај малите држави, власт која секој ден се заколнува во своја мајка, сигурно останува без неа.