Победа на стартот од АБА 2 лигата за МЗТ Скопје Аеродром
Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром со победа ја стартуваше сезоната во АБА 2 лигата. Вечерва на домашен терен МЗТ Скопје Аеродром славеше победа над српската екипа Вршац со 75:63 (14:15; 20:22; 22:11 и 19:15).
По првото полувреме кое им припадна на гостите со 37:34, македонскиот првак третиот период одигра најдобро и ги казнуваше грешките на ривалот и со скор од 22:11 дојде до предност, која на крајот се покажа и решавачка. Во последниот период МЗТ Скопје А. Стигна и до највисокото водство 75:56, кое гостите успеаја да го намалат.
Најефикасен кај победничкиот тим беше Ламар Мек Кејден со 21 поен.
МЗТ Скопје Аеродром следниот натпревар го играат на гостински терен против Сутјеска. На првиот натпревар сезонава од АБА 2 лигата попладнево Подгорица загуби од Борац Бања Лука со 73:75.