Победа на ВМРО-ДПМНЕ во Штип и Велес: Јорданов и Колев добија втор мандат
Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов и градоначалникот на Велес, Марко Колев добија нови мандати откако издвоија убедлива победа во првиот круг од локалните избори.
„Штип направи вистински избор со разлика од над 15.000 гласови, или сооднос 6:1! Денес испишавме историја за нашиот град. Политичката зрелост Штип ја докажа со поддршка на веќе воспоставена локална самоуправа.
На овие избори победи вербата во она кое го сработивме, енергијата која секојдневно ја вложуваме и отвори можност за нови резултати на секое поле. Новиот мандат нема да биде нова иднина, туку сегашност што сме ја посакувале!“, објави Јорданов на Фејсбук.
Од ВМРО-ДПМНЕ за „Фокус“ потврдиле дека Марко Колев во Велес издвојувал убедлива победа во однос на кандидатката на СДСМ, Маја Хеско од 5:1.