Победа за Ѓорческа на стартот од турнирот во Куршумлијска Бања
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа „тргна“ со победа на W75 турнирот во Куршумлијска Бања. Таа ја совлада Ели Шоп од САД со 2:0 во сетови (6:4; 7:6(2) во меч што траеше 2 часа и 15 минути.
Денешниот меч со квалификантката Шоп беше изедначен во двата сета. По шест одиграни гема резултатот беше 3:3, а единствениот брејк Ѓорческа го направи во седмиот гем и поведе со 4:3 за сетот да го заврши со 6:4 искористувајќи ја четвртата сет топка. Во вториот сет ривалката направи брејк за водство од 2:0, но македонската тенисерка веднаш го врати загубениот гем на сервис и изедначи на 2:2. Нерешено беше до крајот на сетот, па победничката беше одлучена во тај брејкот. Ѓорческа имаше целосна контрола над гемот и поведе со 6:1 што и донесе нова победа.
Во второто коло македонската тенисерка ќе игра против Анастасија Золотарева.