Победи на водечките екипи во ракометната Супер лигата

Трите водечки екипи во ракометната Супер лига остварија победи на трите први дуели од 15.коло. Лидерот Вардар на домашен терен го совлада Тиквеш со 31:27 и го продолжи максималниот учинок во шампионатот.

Во Струга под водство на Звонко Шундовски, кој го замени Рубен Гарабаја (поднесе оставка во текот на денот) првакот Еурофарм Пелистер ја победи Струга со 42:22, а Охрид беше сигурен во дуелот со Еурофарм Пелистер 2 совладувајќи го со 33:20.

Утре се играат другите три дуели од 15. коло: Алкалоид – Радовиш, Бутел – МРК Куманово и Пролет – Прилеп.

Вардар е лидер со 30 бодови, пред Еурофарм Пелистер со 26, Охрид има 23, Алкалоид 21 (натпревар помалку)

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close