Победи за Шкендија и Ренова на саботните дуели од 3. коло во ПМФЛ

Втора победа за Шкендија и прва за Ренова е епилогот по двете денешни средби од 3. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Шкендија со гол од пенал дојде до трите бода на дуелот со Ѓорче Петров, додека Ренова му го нанесе третиот пораз на тимот на Академија Пандев кој остана без постигнат гол и по оваа рунда.

Резултати:
Македонија Ѓ.П. – Шкендија 0:1
Ренова – Академија Пандев 2:0.

Вчера Беласица – Шкупи 0:2.

Двојки за утре:
Пелистер – Работнички
Струга Трим и Лум – Борец
Вардар – Силекс.

На табелата водат Шкупи и Шкендија со по седум бода.

Back to top button
Close