Победнички митинг на Трамп пред 100.000 луѓе во Вашингтон: Од синоќа чекаме да влеземе во Арената!
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, одржува победнички митинг во Вашингтон, ден пред неговата инаугурација и враќање во Белата куќа, а информациите се дека неколку десетици илјади, а можеби и над 100.000 луѓе со часови чекаат пред „Капитол Уан Арена“ на дожд да влезат внатре и да му дадат поддршка на претседателот.
Пред влезот во арената има километарски редици. И покрај тоа што надвор е многу студено и непрекинато врне, граѓаните насмеани и завиткани во шалови и капи чекаат со часови и часови за да влезат внатре.
„Стигнавме синоќа, да заземеме став за влез. Нека се врати кај нас“, воодушевено порачаа приврзаниците кои дојдоа уште еднаш да му дадат поддршка на Доналд Трамп вечерта пред инаугурацијата.
„Не ни пречи дождот, зима е, ништо нема да се случи. Само да влеземе внатре, чекаме со часови, но веруваме дека ќе влеземе“, рекоа насобраните.
Според претходните најави, вечерва пред насобраните луѓе покрај Трамп треба да се обрати и Илон Маск, а најавено е учество и на Кид Рок, Били Реј Сајрус, „The Village People“ и други.