Победнички старт на Ивановски на челинџерот во Франција


Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски со сигурна победа стартуваше на Челинџер турнирот во француски Ројан, откако денеска го победи Норберт Гомбош од Словачка со 2-0 (6-1, 6-3).

Ивановски веднаш на стартот од мечот успеа да направи брејк и да поведе со 1:0, а сигурната игра ја продолжи и до крајот на сетот кога успеа да одземе уште два сервис гема на противникот и првиот сет го доби со 6:1.

Ивановски продолжи со сигурна игра и во вториот сет и до стартната победа дојде за 72 минути.

Во следното коло Ивановски ќе игра против петтиот носител, 31 – годишниот Димитар Кузманов од Бугарија, (253. место АТП).

Челинџерот во Ројан се игра за награден фонд од 54.000 евра.

Back to top button
Close