Почина 11 годишното момче кое беше тешко повредено од пречка од гол на екскурзија

Синоќа на Универзитетската Клиника за Анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) почина 11-годишното момче од Скопје кое беше тешко повредено на 14 август годинава откако на фудбалски терен во Кавадарци врз него падна пречка од гол. Лекарите речиси цел месец се бореа за животот на детето, но за жал момчето починало, објави МКД.мк.

По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција, а се води постапка и за причините поради кои се случи оваа трагедија

 

 

Back to top button
Close