Почина 16 годишникот кој со мотоцикл удри во џипот на пратеникот од Левица – Сашко Јанчев

Момчето (16) од скопско Идризово кое со мотоцикл се заби во џипот на пратеникот од Левица – Сашко Јанчев им подлегна на повредите, објави тв Канал 5.
Сообраќајната незгода се случи на 14 септември во село Марино.
Се судрија патничко возило „Хјундаи Тусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(36) години од Гевгелија и мопед управуван од 16-годишник од с. Идризово, Скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здоби малолетникот и неговата 13-годишна сопатничка од населбата Илинден, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Додека, со телесни повреди се здоби С.Ј. и неговиот сопатник Х.М.(25) од Вевчани.
Од Левица демантираа дека Сашко Јанчев возел под дејство на алкохол и над дозволената брзина, и информираа дека мотоциклот се забил во вратата на автомобилот.