Почина 22-годишен градежен работник во тетовско

Според информациите, 22-годишниот Е.И. вчера бил донесен починат во тетовската Клиничка болница.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите од кои починал додека извршувал градежни работи на училишен објект во тетовско Камењане.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител, екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и инспектори за безбедност и здравје при работа од Подрачна единица Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close