Почина 23-годишната девојка која како пешак беше тешко повредена на 15 август во Тетово

Дваесет и три годишната девојка од тетовско Сараќино денеска им подлегна на повредите откако пред четири дена во неа удри возило управувано од 49-годишен жител на Голема Речица. Поради сериозноста на повредите таа беше однесена во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што денеска почина

Дваесет и три годишната Теодора Р. од тетовско Сараќино денеска почина во Клиничкиот центар во Скопје, откако на 15 август како пешак беше тешко повредена во сообраќајна несреќа во Тетово.

Девојката се здоби со тешки телесни повреди откако во неа удри возило управувано од 49-годишен жител на Голема Речица, а поради сериозноста на повредите беше однесена во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Сообраќајната несреќа се случи на 15 август на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово околу 22 часот.

„Патничко моторно возило ‘бмв’ со тетовски регистарски ознаки што го управувал М.П.(49) од тетовска Голема Речица удрило во 23-годишната Т.Р.(пешак) од тетовско Сараќино. Во несреќата Т.Р. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде била пренесена за укажување на лекарска помош,информираше СВР Тетово по несреќата.

Back to top button
Close