Почина актерката од „Однесено од ветрот“, Оливија де Хавиланд

Актерката Оливија де Хавиланд, најпозната по улогата како Мелани Хамилтон во „Однесено од виорот“, почина на 104-годишна возраст. Порака за нејзината смрт ја објави веб-страницата „Deadline“. Според информациите, актерката починала во сон во нејзиниот дом во Париз.

Оливија де Хавиланд е родена на 1 јули 1916 година во Токио, каде нејзиниот татко Волтер бил професор на британски колеџ. Откако бракот на нејзините родители се распаднал, идната sвезда се преселила во Калифорнија заедно со нејзината мајка и сестра. Кога наполнила 18 години, филмската компанија „Warner Brothers“ и го понудија нејзиниот прв договор.

Таа освои два Оскари за најдобра актерка за нејзините улоги во „To Each His Own“ (1948) и „The Heiress“ (1949) и двапати беше наградена со „Златен глобус“. Во 2010 година, францускиот претседател Никола Саркози и го додели „Орденот за легија на честа“.

Back to top button
Close