Почина Александар Аки Рахимовски

Александар “Аки” Рахимовски почина на 66 годишна возраст. Рахимовски беше најпознат по ангажманот во рок составот од Загреб “Парни ваљак”.

-Драги пријатели, со неопислива тага во срцето ве известуваме дека денеска (22.01.2022) засекогаш заспа Аки Рахимовски, објавено е на официјалниот Фејсбук профил на Парни Ваљак.

Како тинејџер бил член на неколку состави меѓу кои се групите “Вакуум”, “Крвна браќа” и “Тор” со кој настапил на фестивалот во Загреб во 1975 година. Во соработка со менаџерот Владимир Михаљек – Мих го формираат првиот состав на “Парни ваљак”.

Александар Рахимовски е роден во Ниш, но за брзо време се преселува во Скопје. Неговиот татко бил музички професор со што на седум години тој започнал да учи во музичко училиште за клавир и пеење

Веста за смртта на познатиот пејач ја потврди неговиот менаџер.

– Му се слоши утринава и веднаш беше однесе во болница во Ново Место. Пред еден час ми се јавија дека починал, но уште не ја знаеме причината за смртта – изјави неговиот менаџер Дамир Осредечки за медиумите.

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close