Почина Борис Ноневски (р.1948), социолог и поранешен директор на Кинотеката!
Вчера по долго и тешко боледување, почина Борис Ноневски, социолог и поранешен директор на Кинотеката!

Со Борис делевме искрено пријателство и извонредна соработка во Кинотеката на Македонија, во која по сите негови одисеи, тој беше именуван одново за нејзин директор, а јас тогаш, за прв пат, за претседател на управниот одбор на установата.
Во моите и не само во моите очи, Борис останува големиот, посветен, крајно ангажиран раководител на оваа установа, човекот којшто огромно ја унапреди кинотеката, нејзината истражувачка и аналитичка дејност, ја пресели во нови простории и ја опреми со нова кино сала… Да набројам само дел од огромната низа придонеси на нашиот и франускиот витез на културата и на македонската кинематографија која, со него, и неговите културни, фото-кинематографски истражувања, со неговите уметнички, теориски, аналитички, кино-архивистички, фестивалски ангажмани – доживуваше темелни национални, македонски, и бројни интернационални признателсности и афирмации.

Борис ќе трае со делото и низ неговите објави и книги што и допрва треба да се публикуваат, имено како сведоштва за еден валиден, вреднo остваруван, темелно посветуван, богат затоа и незаборавен творечки живот.
Погребот се одржал денес во родниот претор
Вечен да му е споменот на Борис Ноневски!
Томислав Османли
Претседателот на УО на Кинотека на РС Македонија и личен пријател.






