Почина д-р Илија Џонов поранешен декан на медицинскиот факултет во два мандата

Почина проф. д-р Илија Џонов. Тој беше невропсихијатар, редовен професор, поранешен директор на Клиниката за нервни и душевни болести во Скопје, декан на Медицинскиот факултет Скопје два мандата и поранешен директор на Клиничкиот центар Скопје.

Џонов е роден 24 ноември 1943, во Штип.

Беше добитник на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје во 2010 година.

Проф. д-р Џонов беше член на Надзорниот одбор на „Алкалоид“ АД од 1998 до 2023 година

Back to top button
Close