Почина Џејмс Мајкл Тајлер – Гантер од „Пријатели

Американскиот глумец Џејмс Мајкл Тајлер, познат по улогата на Гантер во серијата „Пријатели“, почина на 60-годишна возраст.

Тајлер починал во својот дом во Лос Анџелес. Од 2018 година, тој боледуваше од рак на простатата.

Неговиот лик Гантер, саркастичниот менаџер на кафето „Централ перк“ каде што се собираа „пријателите“, се појави во 150 епизоди, во 10-те сезони на популарната американска серија од 1990-тите

 

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close