Почина Џеј Рамадановски

Познатиот пејач Џеј Рамадановски (55) почина денес  во неговиот дом во Белград, пишуваат српските медиуми.

Пејачот починал како последица од срцев удар.

Медиумите  јавуваат дека во неговиот дом пристигнала екипа на Итна помош во обид да го реанимира пејачот, но не успеале во борбата за неговиот живот.

Здравјето на пејачот веќе неколку години било влошено, а во последното интерју истакнал дека никаде не се движи бидејќи Ковид-19 за него би бил погубен.

Џеј Рамадановски е роден во Белград на 26 мај 1964 година.

Зад себе остави две ќерки, Ана и Марија.

Back to top button
Close