Почина едно лице: Тешка сообраќајка кај велешко

На 30.07.2022 околу 08.15 часот на регионалниот пат с.Извор, велешко, кај место викано „Врановски aнови“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две товарни возила „ТАМ“, двете со велешки регистарски ознаки, едното управувано од И.Ј.(37), а другото управувано од Ј.Ј.(22), и двајцата од с.Бузалково, велешко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Ј., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде и им подлегнал на повредите.

По насоки на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Увид извршила екипа од СВР Велес.

Back to top button
Close