Почина Џевдет Џумерт, основач на првото здружение на македонските иселеници во Турција

Во родниот крај во селото Болетин, општина Маврово и Ростуше, вчера ненадејно почина лидерот на првото здружение на македонските иселеници во Република Турција, Џевдет Џумерт (1955 год).

Џумерт кој како дете замина со своите родители од родното село Жировница за Турција, заедно со голем број иселеници од регионот на Долна Река на почетокот на 90-тите години во градот Маниса, кој е во близина на Измир, го формираше здружението МАК – ГОЧ, прво здружение на иселениците од Македонија во Турција во кое членуваа иселеници од Река но и од други градови на Македонија.

Оваа прво здружение на иселениците даде голем придонес за организирањето на иселениците како во сферата на политичкиот и економскиот живот на Турција но и во насока на доставување на хуманитарна помош од страна на иселениците за Македонија .

Џумерт, максимално се ангажираше сите барања за добивање на македонски пасоши од страна на иселениците од Македонија во Турција да бидат реализирани . Тоа го бараше постојано и во една изјава за ТВ 3 –Дебар нагласи дека Македонија треба да им додели државјанства на македонските иселеници бидејки тие тоа го заслужуваат и имаат право на тоа.

На средбите со македонските преставници тој постојано бараше да се даде зелено светло на секое барање на иселениците за да добијат македонско државијанство .

Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски денес за Либертас изјави дека пред два дена пиел кафе со сега покојниот Џевдет Џумерт.

,,Тој според лекарите почити од срцев удар во неговото село Болетин вчера, и денеска по барање неговото починато тело на членовите на семеството е пренесено во Маниса Турција, каде утре ке биде и погребот. Џумерт беше голем борец за поврзување на македонските здруженија во Турција , како и добивање на шравата на нашинците во дијаспората . Даде голем придонес и во проширувањето на одличните пријателски од носи помеѓу Македонија и Турција –  изјави Куртовски .

 

К. Мимидиноски

Back to top button
Close